Friday, November 7, 2014

Sferno ogledalo
Осна симетрија

Дневна подготовка Густина на телата


Дневно планирање на наставата по предметот ФИЗИКА

Наставник: Јоана Искова
Паралелка: VIII


Тема: Тела,супстанции, физички величини и мерење на физичките величини

Наставна содржина:
Густина на телата
Тип на час:
Нова наставна содржина
Цели:

Ученикот/чката:

  • да ја опишува густината на телата;
  • да ја објаснува густината на течностите и цврстите тела со пливање на телата ;
  • да ја определат густината на различни тела во различни мерни единици;
  • да ја применуваат формулата за одредување на густина во конкретни задачи.
Очекувани исходи:
Учениците :
  • го препознаваат симболот за густина и нејзините мерни единици;
  • ја изразуваат густината во сите мерни единици (поголеми и помали)
  • ја изразуваат зависноста на волуменот и масата од густината;
  • решаваат задачи со примена на формулите за определување на густина, маса и волумен.
Вештини кои ќе се развиваат на часот:
  • критичко и креативно мислење;
  • примена на знаења во нови ситуации.
Обем и редослед на содржината:
Наставникот започнува дискусија со учениците за масата на различните тела, како и нивниот волумен.Преку разговор ги наведува учениците да го воведат поимот густината на телата, нејзината ознака и мерните единици. Ги изразуваат масата и волуменот преку густината.Со помош на компјутер, поточно на програмата Phet, се покажува густината на телата. Преку конкретни примери наставникот ги наведува учениците да донесат заклучок како се определува густината на течностите. Потоа се решаваат задачи со примена на формулата за густина на телата. Учениците ги решаваат зададените задачи па ги истакнуваат и споредуваат добиените резултати.
Воведни информации на наставникот:

  • Наставникот води дискусија за воведување на густината на телата;
  • Презентира густина на тела;
  • Ја воведува ознаката и мерната единица за густина;
  • Задава задачи, ја организира и ја следи работата на учениците.
Основни наставни форми, методи и техники:
Дискусија, презентација, метод на постапност, разговор со учениците, бура на идеи, автентично учење, примена на ИКТ, индивидуална работа.
Активности на учениците:
  • Учениците ги следат барањата на наставникот, даваат свои мислења, примери и заклучоци ;
  • Ги решаваат самостојно зададените задачи и ги истакнуваат своите решенија;
  • Ги утврдуваат и систематизираат стекнатите знаења.
Потребни ресурси, наставни средства и материјали:
учебник, табла, креда, тетратка, слики од учебникот.
Методи за утврдување на предзнаењата:
За дијагностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која овозможува поврзување на стекнатите знаења од претходните содржини со новите содржини.
Методи за оценување на учењето на учениците :
ФО:Постигнатоста на целите и учењето на учениците се оценува формативно преку усни одговори на прашања поставени од наставникот,логичкото размислување, донесување заклучоци, јасните и точни одговори на поставените прашањата, точниот начин на претворање на мерните единици од помала во поголема и обратно.